Тенис
22. November 2015 - 8:55

Мастерс: Федерер против Ѓоковиќ во финалето

Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер ќе играат во финалето на Мастерсот во Лондон откако вчера во полуфиналните дуели ги победија Рафаел Надал односно Стан Вавринка.

Ѓоковиќ беше поуспешен од Надал со 6-3 и 6-3 во сетови, додека Федерер го совлада Ваввринка со 7-5 и 6-3.
На Мастерсот во вторникот во рамките на групата „Стен Смит“ Федерер го победи Ѓоковиќ со 2:0 во сетови, а воедно ова ќе биде шанса двајцата тенисери да решат кој е подобар откако лани поради повреда на грбот Федерер го откажа учеството во финалето.
Ова ќе биде нивни 8 меч во 2015 година (Ѓоковиќ води со 4:3), додека вкупно имаат одиграно 43 меча со биланс 22:21 за Федерер.
Феререр ќе го игра 10.то финале на Мстерсот, а Ѓоковиќ го има петтото учество на завршниот турнир.
За победа победа Федерер ќе освои 2.228.000 долари и 1.500 поени, а додека наградата за Ѓоковиќ ќе биде 2.061.000 долари и 1.300 поени за победа на турнирот.
Во финалето на двојки ќе играат: Рохан Бопана (Индија), Флорин Мергеа (Романија) против Жан-Жулиен Рожер (Холандија), Хориа Текау (Романија).
Финалето Ѓоковиќ - Федерер почнува во 19 часот.