Македонија
20. December 2022 - 12:28

Масовно труење на кучиња скитници во Струмица

Масовно труење на кучиња скитници во Струмица. За околу две недели биле усмртени над  дваесетина кучиња. Сите биле отруени на идентичен начин,  со расфрлање отров и храна по јавните површини. Од здруженијата за заштита на животните се сомневаат дека  се работи за смислена и организирана акција и бараат итна реакција од надлежните институции и санкционирање на сторителите.

За појавата биле известени институциите,  но до сега реакција немало. Од здружението за заштита на животните Анимал Ловерс се загрижени бидејќи со ваквата појава освен животот на животните се загрозува и општата безбедност и здравјето на луѓето бидејќи отровот со кој се трујат кучињата можело да се сретне на најфреквентните места во централното градско подрачје.

За оваа појава одговор побаравме и од полицијата. Од СВР Струмица информираа дека кај нив бил пријавен само еден случај за пронајдено пцовисано куче непозната раса и преземаат мерки за негово расчистување. Други случаи не биле пријавени.