-->
-->
Масовниот убиец од Младеновац киднапирал таксист, сакал да побегне во Крагуевац
-->
Осомничениот за масовното убиство кај Младеновац, дваесет и едногодишниот У. Б. бил уапсен во местото Грошница, обидувајќи се да побегне во Крагуевац, јави дописникот на МИА од Белград.
Весникот Политика од селаните во околината на Младеновац дознава дека мајката на напаѓачот живее во Крагуевац, па тој се обидел да стигне до тој град.
Според неофицијалните информации што ги доби овој весник, У. Б. киднапирал таксист кај Младеновац и му се заканил дека ќе го убие ако не го однесе во Крагуевац.
Како што дознава, У. Б. извадил бомба и му се заканил на таксистот дека ќе го разнесе.
У. Б. е уапсен при обид за бегство во местото Грошница кај Крагуевац. Застрелал осум лица, а ранил 14, од кои две лица се во критична состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција