Масовна тепачка во Битола- неколку лица тешко повредени
Вчера во 20,00 часот во Полициската станица -Битола, било пријавено дека околу 15,00 часот во ромската населба “Баир“ настанала тепачка помеѓу две групи на луѓе при што со тешки телесни повреди се здобиле повеќе лица.
Имено, тепачката во која од една страна учествувале Р.Р. (36), А.М. (67), Е.М (37)., А.М. (19), С.М. (41), Д.И. (16), Н.Џ. (52) и Ш.М. (65) и лицата Ш.К. (32), М.К. (1991), И.К. (41), Р.Р. (17), К.Р. (39), Ш.Р. (42) и И.Ш. (34) од другата страна, започнала на улица „Караорман“ во непосредна близина на поранешниот отпад „кај Такир“, за потоа да продолжи пред домот на А.М. (67) оддалечен на стотина метри од отпадот, за на крајот да заврши кај локалната продавница “Кенан“.
Притоа со тешки телесни повреди се здобиле Р.Р. (36) и А.М. (67) - фрактура на глава, скршеница на надлактица и напукнати ребра, а повредено било и лицето Е.М. (37) набиеница на нога, рана на глава и десна дланка.
Повредите биле констатирани при Одделението за неврохирургија на битолската болница.
Во врска со настанот извршен е увид на местото на случувањето и секторот за внатрешни работи во Битола превзема мерки за целосно расчистување и документирање на истиот.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период