Маск: УСАИД финансирал истражување за биолошко оружје, вклучително и Ковид-19
Американскиот претприемач и шеф на новиот Оддел за владина ефикасност Илон Маск изјави дека Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) финансирала истражување за биолошко оружје, вклучително и „Ковид-19“.
- Дали знаевте дека УСАИД, користејќи ги вашите даночни долари, финансираше истражување за биолошко оружје, вклучително и „Ковид-19“, кој уби милиони луѓе, напиша Маск на својот профил на „Х“.
Поранешниот началник на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на руската армија, генерал-полковник Игор Кирилов, посвети големо внимание на разоткривањето на воено-биолошките активности на САД.
Кирилов зборуваше за лабораториите на Пентагон во Украина, Грузија, Молдавија и по целиот периметар на границите на Русија.
Генералот се фокусираше на исклучително опасните патогени на кои се работи во овие лаборатории, опасноста од нивно истекување и какви закани може да претставува тоа истекување. Кирилов откри и имиња на високи Американци вклучени во овие активности, вклучувајќи го и синот на поранешниот американски претседател Хантер Бајден, пренесуваат руските медиуми.
Генералот Кирилов беше убиен во терористички напад организиран од украинските специјални служби во Москва во декември минатата година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?