Маск сугерира дека американската влада е одговорна за ограничувањето на воената сателитска мрежа во Украина

Илон Маск синоќа сугерираше дека за евентуалното забавување на воената сателитска комуникациска мрежа „Старшилд“ (Starshield) во Украина е одговорна американската влада, а не неговата компанија „СпејсИкс“ (SpaceX).
„Системите ‘Старшилд’ се во сопственост и под контрола на американската влада. За какви било ограничувања на брзината или употребата одлучува американската војска, а во крајна линија и американскиот претседател“, напиша Маск на платформата „Икс“.
Мултимилијардерот ја нагласи разликата меѓу „Старшилд“ што го користат украинските сили за воени комуникации и „„Старлинк“ (Starlink), комерцијалната сателитска услуга на „СпејсИкс“, наменета за цивилна употреба. Двата системи се развиени од компанијата на Маск, но „Старшилд“ е наменет за потребите на американската влада и воените и разузнавачките служби.
Украина во вторникот вечерта и вчера извести за ограничувања во функционирањето на сателитските комуникации, што ги попречило операциите со беспилотни летала и дел од активностите на украинската противвоздушна одбрана.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара од Маск да ја обнови целосната функционалност на сателитската услуга, оценувајќи дека ограничувањата се „голема грешка“.
Проблемите со комуникациската мрежа се појавија во период кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, соочена со растот на цените на горивата неколку недели пред изборите за Конгресот на средината на претседателскиот мандат, вршеше притисок врз Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура. Трамп претходно објави договор со Москва за испорака на руски дизел.
Агенциите пренесуваат изјава на високопоставен украински функционер кој побарал да остане анонимен, кој вели дека САД ѝ се заканиле на Украина со прекин на размената на разузнавачки информации доколку Киев не ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура.
Демократите во американскиот Конгрес ги осудија ограничувањата на пристапот до сателитските комуникациски системи.
„Недозволиво е да се ограничува пристапот на Украина до ‘Старлинк’ и ‘Старшилд‘ во момент кога балистички ракети и беспилотни летала ја напаѓаат земјата“, објавено е на „Икс профилот“ на демократите во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.
„Трамп донесува одлука со која директно му помага на Путин во масакрирањето украински цивили“, се додава во објавата.
МИА
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
