Loading Video...
Свет
17. March 2021 - 16:37

Масакар во САД, 8 лица се убиени во салони за масажа

21 годишниот Роберт Лонг е осомничен дека ги извршил крвавите напади во американската созјуна држава Џорџија во кои загинаа вкупно 8 лица. Тој е уапсен соопшти полицијата. Прво упаднал во еден салон за масажа во околината на Атланта и почнал да пука да пука во пристуните, а потоа тоа го повторил во уште два салони  за масажа во самиот град. Убиени се 7 жени од кои 6 имале азиско потекло.  Истражителите се обидуваат да откријат дали нападите се поврзани и кои се мотивите. 

Европската комисија го обелодени предлогот за ковид пасош, таканречен дигитален  зелен сертификат наменет за граѓаните на ЕУ кои патуваат во рамките на Унијата. Целта е да се овозможи секој кој е вакциниран против Ковид-19 или кој има негативен ПЦР тест или стекнал имунитет откако се опоравил од корона да може слободно да патува во Унијата рече шефицата на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен. Во документот ќе биде наведено кој услов го исполнува патникот. Фон Дер Лајен  посочи  дека станува збор за вакцини одобрени од ЕМА но потенцира дека земјите членки  можат и сами да одлучат дали ќе признаат и други антиковид вакцини. Серификатот ќе се издава бесплатно. За да стапи на сила предлогот на Европската комисија земјите членки и Европскиот парламент треба да дадат зелено светло. 

Руските власти соопштија дека трајно ќе го блокираат Твитер ако во рок од еден месец не ги исполни нивните барање. Москва бара од социјлната платформа да ги  отсрани содржините кои се однесуваат на детска порнографија, поттикнување на самоубиство меѓу деца и повикување на протести поради затворањето на Алексеј Навални.