Мас: Германија ќе придонесе за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија

Германија ќе продолжи да дава свој придонес за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија, порача денеска шефот на германската дипломатија Хајко Мас пред доаѓањето во Скопје.
– Северна Македонија цврсто и припаѓа на Европа. Сакаме ЕУ да го одржи зборот кон Северна Македонија и Албанија. Северна Македонија постигна историски договор со Грција. Германија ќе придонесе за продолжување на тој пат. Не се работи само за кредибилитетот на ЕУ, туку и за нашиот стратешки интерес за постоење на стабилен и сигурен регион во срцето на Европа, се наведува во пораката на Мас.
Тој нагласува дека „заедничка цел е што побрз почеток на пристапните преговори“, за што, како што вели, денеска ќе разговара со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
– Се радувам на разговорите и со премиерот Зоран Заев и со претседателот Стево Пендаровски. Сега е важно да им се излезе во пресрет на очекувањата и надежите на граѓаните на Северна Македонија, потенцира Мас, порачувајќи дека земјава мора доследно да го продолжи патот на реформите и на владеењето на правото.
Како што најави Министерството за надворешни работи Димитров и Мас ќе разменат мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи. Воедно ќе бидат разгледани и клучните моменти од односите меѓу двете пријателски земји и можностите за нивно продлабочување, како и актуелната динамика на односи на регионален план.
По средбата, пак, на Пендаровски и Мас во „Вила Водно“, на заедничка иницијатива на германското Министерство за надворешни работи и на претседателот на Република Северна Македонија, ќе се одржи дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“, на која ќе учествуваат и претставници на државните власти, на правосудните органи, како и претставници на надлежни институции во оваа област.
Ново на Сител
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
