Мартин Шулц: Враќањето на граничните контроли во Белгија е „нормално“
Одлуката на Белгија да ја врати времената контрола на границата со Франција е „апсолутно нормална“, изјави претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц во интервју за радиото Јуроп 1.
Какп што јави дописникот на МИА од Париз, властите во Брисел решија да ја вратат контролата на границите, за да се спречли евентуален прилив на мигранти од Франција во Белгија, по одлуката на француските власти да евакуираат дел од илеканиот имигрантски камп во Кале.
- Белгија ја врати контролата на ограничено време. Таа им го најави тоа на своите соседи и на Европската комисија. Потребно е да се направи разлика меѓу затворање на границите поради сериозни причини, со постојаното затворање на границите кое се однесува на транспортот и на услугите, рече Шулц.
Белгискиот министер за внатрешни работи ја предупреди ЕУ дека неговата земја на границата со Франција ќе распореди 250 до 290 полицајци, кои ќе вршат контрола на граничните премини, посебно на крајбрежието, како и во околината на Зебруж.
Според претседателот на Европскиот парламент, оваа одлука на Белгија не го доведува во прашање Шенгенскиот договор.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот