Март потопол и поврнежлив од просекот
![]()
Средно месечните температури на воздухот во текот на март годинава биле повисоки од просечните за околу еден степен. Особено потопла од просекот, и тоа за околу три степени, бела првата декада од месецот. Месечното количество врнежи минатиот месец е досега највисоко измерено за овој месец во Скопје и Струмица. Вредностите на дневниот максимум на врнежи не се надминати, покажуваат анализите на мерењата на УХМР.
Според овие податоци средно месечните температури на воздухот во текот на месец март во Република Македонија се движеле од најниската 2,4°С во Маврово до највиоки 10,8°С во Гевгелија. Мерењата покажуваат дека биле измерени 2,6°С во Лазарополе, 4,9°С во Берово, 5,9°С во Крива Паланка, 7,2°С во Охрид, 7,5°С во Прилеп, 8,1°С во Битола, 8,8°С во Скопје, 9,0 во Штип, 9,6°С во Струмица и 10,2°С во Демир Капија.
Над просечните вредности биле и средно месечните максимални температури исто како и средно минималните температури на воздухот и тоа за еден до два степени.
- На сите мерни места (освен Маврово и Лазарополе) апсолутните максимални температури беа над 20 степени. Исто така, освен во Гевгелија, апсолутните минимални температури беа под нулата, од -6,4°С во Лазарополе до -0,7°С во Струмица, се вели во информацијата од УХМР.
Измерените месечни количества врнежи овој месец изнесувале од 72 мм во Прилеп до 173 мм во Гевгелија (63 мм во Охрид, 76 мм во Скопје – Зајчев Рид, 95 мм во Штип, 105 мм во Лазарополе, 197 мм во Крива Паланка, 135 мм во Струмица и 136 мм во Маврово).
- Измерените количини на врнежи на сите мерни места се над просекот за месец март. Во Битола, Крива Паланка, Прилеп, Скопје и Маврово месечната сума на врнежи е повисока од просечната за ва пати, во Демир Капија, Гевгелија и Штип за три пати, а во Струмица дури за околу четири пати. Месечната сума на врнежи во март 2016 е досега највисока измерена за овој месец во Скопје и Струмица. Вредностите на дневниот максимум на врнежи не се надминати, се посочува во информацијата од УХМР.
Оваа информација, како што посочуваат од УХМР, е изготвена врз основа на мерењата и податоците од главните метеоролошки станици на метеоролошкиот набљудувачки систем од 1951 до 2016 година.
Ново на Сител
-

Превозниците ќе ги блокираат граничните премини, бараат решение за престојот во шенген-зоната
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
