Марш на комуналните работници во Атина
Околу 1.000 собирачи на смет денеска маршираа низ централна Атина, со барање да се укинат краткорочните договори за работа.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, нивниот штрајк, кој трае речиси две недели, предвизвика натрупување смет по градските улици во услови кога во Грција темературите се над 40 степени. Топлотниот бран кој почна вчера се очекува за време на викендот да го достигне својот максимум со температури до 44 степени.
Грчките власти предупредија дека штрајкот го загрозува јавното здравје и предизвикува проблеми за време на главната туристичка сезона во земјата.
Штрајкувачите во вторникот имаа состанок со премиерот Алексис Ципрас, но го отфрлија компромисот предложен од Владата. Тие денеска треба да одлучат дали да продолжат или да го прекинат штрајкот.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото