Свет
8. October 2016 - 10:14

Мароканската исламистичка Партија за правда и развој победи на парламентарните избори

Исламистичката Партија за правда и развој победи на парламентарните избори во Мароко, по пребројување на 90 проценти од гласовите, соопшти мароканското Министерство за внатрешни работи, пренесува БТА.

Владејачката партија добива 99 места, а Либералната партија за автентичност и модерноста е со 80 места. Трета е конзервативната партија „Истиклал" со 31 местo.

Во политичкиот систем на Мароко ниту една партија не може да освои апсолутно мнозинство во 395-члениот парламент и победникот мора да состави коалициска влада.