Марковиќ и Ѓукановиќ - цел на руски шегаџии
Претседателот на црногорската Влада Душко Марковиќ и претседателот на владејачката демократска партија на социјалисти (ДПС) Мило Ѓукановиќ беа цел на руските комичари Лексус и Вован, кои во телефонски разговор се претставиле како претседателот на Украина Петро Порошенко, односно премиерот Владимир Гројсман, при што разговарале за „црногорско-украинските односи“, „членството на Црна Гора во НАТО“, но и за „проруската опозиција“ во Црна Гора.
Ѓукановиќ во разговорот ветил дека ќе помогне да се реши проблемот со фабриката за чоколадо, а Марковиќ најмногу време потрошил за членството на Црна Гора во НАТО.
- Нашиот претседател на партијата изнесе обвиненија против лидерот на движењето против НАТО и кај нас ќе се води многу сериозен процес за тоа. Ние ќе сториме се за никој веќе да нема можност да направи што и да е против интересите на Црна Гора, изјавил марковиќ во разговорот со комичарите.
Инако лажното претставување успеало, сепак шегата суштински не вродила со плод: И Марковиќ и Ѓукановиќ во разговорите со „украинските колеги“ ги повториле државните и партиските ставови и оценките кои јавно ги застапуваат и зборуваат на домашната и меѓународната сцена, пренесуваат подгоричките медиуми.
Инаку, Лексус (Алексеј Стољаров) и Вован (Владимир Кузњецов) се познати по тоа што повикуваат високи светски државници и лажно се претставуваат.
„Руските шегаџии“, кои претседателот на Русија со симпатија ги нарече „телефонски момци“, и кои за чудо, поседуваат големи технички способности и имаат пристап до доверливи информации, во последно време се пробаа во телефонски разговори со претседателот на Турција Реџеп таип Ердоган, американскиот сенатор Џон Мекејн и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. За секој од овие разговори избран е вистинскиот момент. Со Мекејн кога најмногу ја критикуваше политиката на Русија, а со Столтенберг кога НАТО ги дефинираше своите односи со новата американска администрација, велат од ДПС.
Ново на Сител
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација