-->
-->
Марко Марковиќ победник на натпреварот за Мајкрософт офис специјалист
-->

Марко Марковиќ, ученик во втора година во Гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ ќе ја претставува Македонија на Светскиот натпревар за Мајкрософт офис специјалист што ќе се одржи во Америка.
Тој за 18 минути и 25 секунди освои 1.000 поени полагајќи PowerPoint 2013 тест. Во натпреварот Марко се вклучил пред еден месец кога прв пат го полагал тестот и се квалификувал за финалето.
Марко изјави дека е многу возбуден што ја освои титулата и се надева дека успешно ќе ја претставува Македонија на светското финале во Америка. Најголема благодарност упати до менторот и семејството со чија поддршка, вели, стигнал до финалето.
Неговиот ментор професорката по информатичка технологија и програмски јазици Жаклина Прекиќ заедно со уште двајца професори од Гимназијата подготвиле 80 ученици за тестирањето, од кои во финалето се квалификувале 10-тина ученици.
Првиот Национален натревар за Мајкрософт офис специјалист се реализира со поддршка од Здружението на информатичарите на Македонија, Град Скопје, Општина Струмица и компании од ИТ-секторот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
