Спорт плус
3. April 2016 - 0:06

Маркез освои пол-позиција во Аргентина

Марк Маркез, возачот на Репсол хонда, ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Аргентина, која е втора во календарот во кралската класа.
 
Маркез до пол позицијата на патеката „Термас де Рио Ондо“ стигна со време 1:39.411 минути. Покрај Маркез, трката од првиот стартен ред ќе ја започнат и возачите на Јамаха, Валентино Роси и актуелниот шампион Хорхе Лоренцо.
 
Квалификациите и претходно слободните тренинзи ги обележаа проблемте со пенвматиците, а најлошо мина Скот Рединг, на кого задниот пнемватик му експлодира за време на четвртиот тренинг.
 
Поради инцидентот, Мишелин ги повлеќе задните пневматици кои беа предвидени за оваа трка, поради што возачите за трката ќе имаат само една варијанта на пневматици кои не беа употребувани во Аргентина.
 
Поради тоа тие добија можност 30 минути пред трката да ги тестираат тие пеневматици.
 
Зад Маркез, Роси и Лоренцо ќе стартуваат Дани Педроса (Репосл Хонда), двоецот на Дукати Андреа Довициозо и Андреа Јаноне, односно Маверик Вињалес (Сузуки), Ектор Барбера (Авинтија), Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда) и Пол Еспаргаро (Јамаха Тех 3).
 
Трката за Големата награда на Аргентина, во кралската класа, ќе започен во 21 часот по македонско време.