Марина отиде на експериментално лекување: И се слошило на аеродром, но не губи надеж да ја победи лошата болест!
Марина Туцаковиќ отиде на лекување во Германија, во Минхен, каде ќе се задржи неколку дена за да биде на автоимуна терапија, надевајки се дека со овој метод ќе ја победи тешката болест.
Во Германија отпатувала заедно со својот сопруг Александар Футе Радуловиќ, синот Милан и бликите пријатели.
- Оптимист сум и очекувам добри резултати. Се трудам да бидам весела и да не размислувам претерано за се. Одам понатаму, па до кај ќе стигнам. Не го сфаќам ова трагично. Страшно е кога тоа ќе се случи на другите, затоа што кога ви се случи на вас некако прифаќате и оставате нагонот за живот да ве тера понатаму, изјавила пред да тргне на пат за Германија.
Додека го чекала летот, на Марина наеднаш и се слошило, жената која е синоним за оптимизам, храбро влегла во авионот и не губи вера дека се ќе биде во ред.
Ново на Сител
-
Израелскиот министер за одбрана, Кац го обвини Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот
-
Опожарено возило во Битола
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители
-
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник