Марин: Одговорност на ЕУ е ситуацијата да не остане замрзната, важно е преговорите да почнат сега
Финската позиција е многу јасна, ние сме во полза на проширувањето и нашата позиција во врска со Северна Македонија и Албанија е многу јасна – сакаме да се случува напредок, сакаме да ги видиме двете земји како стануваат земји членки на ЕУ во иднина и треба на напредуваме на тоа прашање, рече финската премиерка Сана Марин на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.
Одговорност на ЕУ, според финската премиерка, е да се осигура дека ситуацијата нема да остане замрзната.
– Треба заедно да дискутираме за прашањето со Бугарија и да се осигураме дека ќе ги имаме насоките од сега па натаму по кој пат треба да се движат. Неделава ќе имаме состанок каде ќе дискутираме за статусот на Украина и Молдавија, мислам е важно да се дискутира за сиутацијата со Западен Балкан и да се осигураме дека сите прашања ќе бидат решени. Наша одговорност е да се осигураме дека веќе нема да има проблеми, рече Марин.
Позицијата на Финска, повтори таа, е многу јасна. Финска, нагласи, е меѓу најголемите поддржувачи на проширувањето во ЕУ.
– Сакаме да ве видиме како дел од ЕУ и сакаме сите да се движиме напред, рече Марин.
Таа истакна дека и Финска и Шведска ќе ја засилат НАТО Алијансата и ќе ја направат побезбедна.
– Сакам да им оддам почит на нашите односи, особено зашто треба да бидеме сојузници во НАТО. Ова ќе биде важен чекор за сите нас и за билатералните односи меѓу двете земји. Северна Македонија е цврст поддржувач на политиката на отворени врати на НАТО, рече Марин нагласувајќи дека во Финска и Шведска ја ценат вредноста на сојузништвото.
Според финската премиерка важно е во оваа ситуација НАТО да биде обединето околу поддршката за нивното членство.

– Русија ја промени безбедносната средина на Европа и мора на нашите граѓани да им покажеме колку е важно да сме обединети, цврсти и одлучни. Тешката ситуација со Русија потенцираше дека тесните национални интереси мора да бидат тргнати настрана за доброто на целата Европа. Важно е преговорите да почнат сега. За нас Северна Македонија е позитивен пример за активен и конструктивен член на меѓународниот поредок, рече Марин.
Ковачевски од своја страна истакна дека членството на Финска во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста во евро-атлантскиот регион, особено регионот на високиот Север и Балтикот.
– Уверен сум дека оваа посета е првата од многубројните. Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО, отворено ја поддржавме иницијативата на Шведска и Финска да станат членки на НАТО, се надевам на што поскоро членство и на двете земји. Нашата Влада уште во мај даде согласност за прием на Шведска и Финска во НАТО, рече Ковачевски.
Ковачевски посочи дека Финска е широк поддржувач на зачленување во ЕУ на земјите од Западен Балкан и оти блокадата со која се среќаваме ние, одекнува негативно во регионот.
Премиерот додаде дека Северна Македонија и Финска имаат заедничка евроатлантска иднина за која, рече, силно меѓусебно ќе продолжиме да се заложуваме.
Ново на Сител
-

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места
-

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
-

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво
-

Без вода утре делови од Карпош
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
