„Марили“ ќе избере 20 најуспешни жени менаџерки
Агенцијата „Марили“ традиционално и годинава ќе ги избере најуспешните жени менаџерки од Македонија и дијаспората.
По повод 20-годишниот јубилеј годинава ќе бидат прогласени 20 најуспешни менаџерки според веќе востановените критериуми - да доаѓаат од успешни приватни компании, од различни области и дејности и да се почитува нивната согласност да бидат дел од изборот.
Годинава за најуспешни се прогласени Маја Андреевска, менаџер и продуцент во „Мунлајт“ Продукција - Скопје, Марина Анчевска, генерален менаџер во Центарот за бизнис психологија - Скопје, Маја Босилковска, менаџер за кориснички услуги во „Орифлеим“ Козметика – Скопје, Лилјана Деловска, генерален менаџер во „Арт Дизајн - СДИ“ – Скопје, Бојана Димовска, генерален менаџер, ДПТ „РОНТИС“ Дооел - Велес, Весна Иваноска, генерален менаџер во „Сеавус“ - Едукативен и образовен центар -Скопје, Весна Игњатовиќ-Стојиљковиќ, генерален менаџер, ДООЕЛ и ПЗУ „ ДР. ВАИС“ - Скопје, Вал Јусуфи, генерален менаџер во „Леорон Груп“ – Скопје, Мимоза Конеска-Каимовски, генерален менаџер во Т.А. „Војажер“ - Скопје и Тања Милисковиќ, комерцијален менаџер во „Кромберг и Шуберт“ во Битола.
Останатите 10 најуспешни менаџерки се Весна Мицева-Тодоровска, генерален менаџер во Конгресен сервисен центар – Скопје, Васка Мојсовска, генерален менаџер „Агро Калем - Тимјаник“ – Неготино, Соња Петковска, извршен менаџер во Старски дом „Милица“ - Скопје, Антонија Ристовска, генерален менаџер во Ателје „Антонија Ристовска“ – Скопје, Искра Спироска Ивановска, менаџер, „Тим Консалтинг“ Доо – Скопје, Олгица Стојимировиќ, генерален менаџер, „ПромоИталија“ - Скопје, Олгица Стокуќа, менаџер во „Стокуќа“ Дооел – Скопје, Ксенија Чаминска, генерален менаџер во „Професионал Акаунт“ дооел – Скопје и Асмира Кочан, извршен менаџер во „Трансмет“ – Скопје,
Постхумно ќе биде наградена Анита Андреевска, менаџер во мировната мисија на Обединетите Нации.
Наградените ќе добијат признанија и статуетки, а по повод 20-годишниот јубилеј ќе бидат врачени статуетки и на уште 25 успешни жени за нивното менаџирање години наназад.
Манифестацијата ќе се одржи деенска во хотелот Холидеј ин. Во музичкиот дел ќе настапат членови на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, односно Ева Богоевска, прва виолина, Билјана Југова, втора виолина, Јован Бицевски на виола и Тамара Тодоровска на виолончело.
Целта на изборот за најуспешни жени менаџерки е поддршка и афирмација на жената во бизнисот, на нејзината лидерска позиција во менаџирањето во компаниите, но и во општеството воопшто.
Како содржинско надополување на манифестацијата вчера се одржа едукативен настан насловен како „Здравјето и убавината во функција на современата жена“ во чии рамки се одржаа предавања од областа на медицината, фармацијата, козметологијата и бизнис психологијата.