Маријано Рахој ја претстави новата шпанска Влада
Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска го објави составот на својата нова влада. Рахој списокот му го претстави на кралот Филип Шести, информира ТАСС.
Втор човек на кабинетот на Рахој останува Сораја Санес де Сантамарија, која повторно ќе биде вицепремиер и министер на владината канцеларија. Тоа значи дека таа ќе одговара и за врските со автономните влади во момент кога богатата област Каталонија планира да организира референдум за независност, забележуваат британските медиуми.
Во новиот 13-член кабинет на Рахој има пет жени.
Во него важна улога ќе игра министерот за економија Луис де Гиндос, кој станува и министер за индустрија. Министер за финансии останува Кристобал Монторо, пренесуваат француските медиуми.
Министер за надворешни работи станува Алфонсо Дастис Кеседо, министер за внатрешни работи - Хуан Игнасио Соидо Алварес, а за одбрана - Марија Долорес де Коспедал, која досега беше генерален секретар на Народната партија.
Министерството за правда повторно му е доверено на Рафаел Катала Поло. Својата функција си ја задржува и Исабел Гарсија Техерина - министерката за земјоделие, риболов, прехранбена индустрија и животна средина.
Министер за образование, култура и спорт ќе биде Иниго Мендес де Виго, кој ќе ја извршува и функцијата портпарол на Владата.
Членовите на новата Влада утре ќе положат заклетва пред кралот.
Ново на Сител
-
Шест лица повредени во сообраќајка во Куманово, меѓу нив и четворица полицајци
-
Во Словенија и Хрватска издадени предупредувања за невреме
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Во Кавадарци одземено возило поради создавање бучава
-
Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8
-
Без вода утре селата Батинци и Љубош