-->
-->
„Марија, прости ми“: Монструмот моли за прошка - Еве што му порача таа!
-->
Монструмот Ахмет Маринковиќ (40) е во притвор со двајца цимери, на кои им кажувал дека се кае за тоа што го направил и дека се надева дека неговата невенчана сопруга Марија Ферезовиќ (21) ќе му прости што ја тепал и жигосал, поради децата кои ги имаат.
Како што пишуваат српските медиуми, нивните извори велат дека се уште никој не го посетил и дека не се знае дали Марија заминала засекогаш и дали ги зела децата со себе.
- Никогаш нема да се вратам... Нека скапе во затвор. Не би му простила ниту за двете деца. Не сум луда повторно да дозволам да ме мачи и тепа, а децата да го гледаат тоа. Тој повеќе не ме интересира, - изјавила Марија.
Несреќната жена, Ахмет ја мачел 48 часа. Таа исто така кажала дека нејзиниот невенчан сопруг ја тепал со раце и нозе, па ја жигосувал, ја терал да го јаде неговиот измет и ја сечел со жилет!
- Се воздржував да не пуштам глас додека ме тепаше, за да не слушнат децата. Цело време молчев и трпев, но кога почна да ме жигосува и сече со жилетот, не можев да издржам врескав и пшлачев. Децата слушанаа и веднаш се обидоа да дојдат до мене, но тој им забрани, - изјавила Марија, чии повреди зборуваат поглсно од зборовите.
Ахмет, моментално се наоѓа во мала ќелија, со уште двајца затвореници.
- Мирен е како бубачка. Од време на време ќе им се пожали на затворениците за злосторствата кои ги направил. Инаку досега тој не бил приведуван, - изјавил соговорникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија