Македонија
18. March 2024 - 13:05

Марихуана, таблети и телефон пронајдени при претрес битолскиот затвор

 Во СВР Битола синоќа во 20.00 часот од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес во просторијата во која биле сместени осудениците М.Б.(28) од Битола, А.Т.(32) од Прилеп, А.Ф.(32) од Прилеп, Е.С.(27) од Скопје и Е.М.(30) од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе различни таблети и мобилен телефон, соопштија од МВР.

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола извршиле увид и го подигнале пронајденото за понатамошна постапка.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.