Маричиќ во работна посета на Шведска
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ од денеска е во дводневна официјална посета на Кралството Шведска, на покана на неговата колешка Јесика Росвал.
Како што соопшти СЕП, Маричиќ во Стокхолм покрај средбата со министерката за европски прашања Росвал, ќе има состанок и со нејзиниот државен секретар Кристијан Даниелсон, со заменик претседавачката на Комитетот за ЕУ прашања во Риксдагот, Матилда Еркранс и со пратеникот во Шведскиот парламент, Аднан Дибрани. Фокус на разговорите, како што информираат од СЕП, ќе биде европската перспектива на Македонија, реформите, текот на процесот на преговори со ЕУ, билатералните односи и развојната помош, како и приоритетите на Шведското претседателство со Советот на ЕУ.
Во рамки на посетата, вицепремиерот ќе се сретне и со генералниот секретар на Меѓународниот институт за демократија и изборна помош, Кевин Касас-Замора и со заменик генералниот директор и директор на Одделот за Јужна Америка и Европа на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Лиза Фредриксон. Маричиќ ја реализира посетата за време Шведското претседателство со Советот на Европската унија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
