Маричиќ: Судските реформи се со најголем приоритет
Министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на „14 Конгрес на Обединетите нации за спречување на криминалот и кривична правда“, кој се одржува во Кјото, Јапонија.
Маричиќ во својот говор ги потенцираше реформите и мерките кои се преземаат во областа на правосудството, со посебен фокус на измените на Кривичниот законик, дигитализацијата на судството и проверката на работите на судиите која ја спроведува Судскиот Совет.
-Започневме со значаен проект, на кој работиме, а тоа е Кривичениот законик во кој ги интегрираме сите најнови меѓународни стандарди, директиви и други меѓународни инструменти во областа на борба против тероризмот, Истанбулска конвенција за родово базирано насилство, но и збир на одредби кои имаат за цел да ги заштитат правата на новинарите и медиумските работници, кажа министерот за правда Маричиќ.
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа