Маричиќ: Побрзо ќе се движиме кон ЕУ од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе 10 години
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во изјава за „Алсат М“ кажа дека државата по нивните анализи, има веќе 45% усогласување во делот на законодавството и доколку се продолжи со таа динамика смета дека темпото ќе биде побрзо од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе 10 години.
На прашањето дали официјално започна скринингот на вчерашниот состанок кој се одржа во Брисел, заедно со делегацијата на Република Албанија, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ изјави дека вчера официјално започна процесот на скрининг, а на состанокот бил отворен од страна на еврокомесарот Вархеји, било објаснето кои се чекорите кои следуваат, што е она што треба ние да се подготвиме и бил споделен календар за нашите наредни активности.
- Практично средината на септември почнува скринингот и по Кластери и по Поглавја. Најпрво во прва фаза ќе одиме со дополнување на оној објаснувачки скрининг, каде што Европската комисија нам ќе ни претстави што е тоа што треба да усогласиме до членството, а потоа и билатералниот кога ќе се вклучат земјите членки со свои наоди, со свои гледишта, и врз основа на тоа, тоа ќе трае едно 14-16 месеци, и во тој период ние ќе треба да ги изработиме и оние клучни документи, додаде вицепремиерот Маричиќ.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната