Маричиќ: Нема никаква правна пречка да не почне пописот
Добро се подготвени попишувачи, имаат и добра опрема за реализирање на пописот, којшто почнува на 5 септември во недела, порача министерот за правда Бојан Маричиќ од прес-конференцијата за меѓународната научна конференција на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
-Очекувам во недела наутро да започне пописот, којшто ќе трае до 30 септември и којшто треба да ги собере сите информации. Правни пречки нема никакви, за да почне пописот, нема ниту технички и логистички пречки. Точно е дека се работи на дополнување на бројот на резервни попишувачи во одредени подрачја. Владата на располагање ги стави оние лица, кои се ангажирани со договор на дело по институциите, да помогнат таму, каде што има потреба и мислам дека со тоа ќе се заокружи бројот на попишувачи, вели Маричиќ.
Посочи дека сите здравствени мерки и за попишувачите и за населението се донесени во соработка со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.
-Така што сите предуслови се направени, за безбеден, брз и кредибилен Попис во Република Македонија. Првпат после 20 години, додаде Маричиќ.
Ново на Сител
-

Дизелот во САД достигна нова рекордна цена
-

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија
-

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница
-

Direct Media Одбележува 25 години работење
-

Рамадан Шерифи му го посвети голот на трагично загинатиот соиграч Даниел Николовски
-

Патничка се соблекла за време на лет, полицијата ја привела по слетување во Мајами
-

Жена во Холандија уапсена поради нарачување убиство преку дарк веб
-

Зеленски: Руските млазни дронови ги соборуваме со борбени авиони „Ф-16“
