Македонија
26. May 2023 - 16:32

Марфи: Измените на Уставот се јасна можност Македонија да се приклучи кон ЕУ

За САД единствениот начин на приклучување на Македонија кон ЕУ е усвојување на уставните измени, кои сенаторот Крис Марфи ги оквалификува како технички. Сенаторот порача дека мора да се искористи моментов кога ЕУ ги отвора вратите за нови членки поради војната во Украина, и затоа државата мора да го донесе потребниот чекор. Секоја поинаква одлука ќе предизвика загриженост кај НАТО сојузниците, кои се столб на безбедноста на државата, вели Марфи.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на САД за проддршката за тешките одлуки кои се пред Владата, но и пред сите други политички актери во државата.

Лидерот на опозицијата пак побара да не се губи време и премеирот веднаш да ги стави уставните измени пред парламентот за да се види дали има мнозинство. Мицкоски очекува оставка на Ковачевски доколку тоа не се случи.

Американскиот сенатор се сретна и со претседателот Пендаровски, како и со други политички фактори во земјава.