Мардини: Во случај на катастрофа во АЕЦ Запорожје ќе биде тешко, ако не и невозможно, да се пружи хуманитарна помош

Шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Роберт Мардини денеска повика на прекин на конфликтот околу окупираната украинска нуклеарка Запорожје, предупредувајќи дека во случај на катастрофа таму малку нешто ќе може да се стори.
– Во случај на нуклеарно истекување ќе биде тешко, ако не и невозможно, да се пружи хуманитарна помош.
Затоа борбите треба да се запрат, појасни Мардини на прес-конференција за време на посетата на Украина. Како што тој истакна, несреќа во електраната би имала катастрофални и долготрајни последици за милиони луѓе и околината. – Затоа време е да се запре со играњето со оган и да се спроведат конкретни мерки со цел овој, а и други такви објекти, да се заштитат од воени операции, подвлече Мардини. Тој додаде дека и најмала погрешна проценка може да предизвика уништување за што „ќе жалиме со децении“.
Украинскиот оператор на нуклеарната електрана денеска информираше дека поради руско гранатирање, исклучен е еден од двата активни реактора. Москва и Киев се обвинуваат меѓусебно за нападите близу нуклеарката, што предизвикува страв од нуклеарна катастрофа. Мардини ја поздрави посетата на претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија на Запорожје. Црвениот крст не дели таблети со јод на луѓе во близина на електраната, како што појасни тој, со цел да не се шири паника.
– Не сакаме да испратиме сигнал дека тоа е неизбежно, посочи Мардини, нагласувајќи оти ризикот може „во целост да се запре“.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
