Маратонците трчаа во чест на Тоше, крушевчани ги пречекаа со црвени рози
Со пиетет, емоции и по вторпат, со црвени рози, крушевчани, и млади и стари, ги пречекаа деветте маратонци кои 12 години го врват патот на спомените – од Нова Градишка, Хрватска каде во сообраќајна несреќа Тоше го загуби животот, па до неговото вечно почивалиште на Гумење. На патот до Гумење низ Крушево застанаа кај родната куќа на Тоше потсетувајќи дека пак се тука и никогаш нема да отстапат од намерата за чест за Тоше. Маратонците со песната од Тоше „Тајно моја“ на Гумење ги пречекаа и учениците од крушевското средно училиште „Наум Наумоски Борче“.
Наум Фабричевски кој ги предводи маратонците рече дека ништо не може да ги запре во намерата да му оддадат почит на големиот Тоше, на македонската и блаканската поп-икона. Па ниту тешките услови по патот.
-И оваа година, на 16 октомври, по 12-ти пат, го истрчавме ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево во чест на нашата најголема, македонска и балканска поп-икона, Тоше Проески. Девет од 10-те спортисти успеавме да се избориме со асфалтот, да го победиме и да го совладаме со една цел – за Тоше. Инаку, еден маратонец откажа во Скопје, до последно не се откажуваше, но не можеше. Имавме и повреди по пат, ама никој не се откажа. Само за Тоше. Тоше беше ѕвезда на земјата, сега е ѕвезда на небото и заотоа ние ќе се трудиме, колку што можеме, да ги зачуваме и да ги продолжиме неговиот лик и дело. Се трчаше штафетно, на некои делници се трчаше по 5 километри, на некои по 7 километри, Плетвар го трчавме по 3 километри, зашто мораше да се издржи токму во таа, завршна фаза. Многу беше тешко, но во нашите мисли беше Тоше со неговите песни, рефрени, со неговите хумани мисии, рече Фабричевски.
Маратонците сакаат да нагласат дека и на балканските простори, особено во Хрватска не стивнува споменот за Тоше.
– Сето што го слушнавме во Хрватска колку Тоше остана популарен, иако не е пшрисутен меѓу нас. Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, 12 години го поддржува овој настан. А втора година одиме во загреб на барање на мајката на Дражен петровиќ, големиот кошаркар кој исто, загина во сообраќајна несреќа на 28 години и го посетуваме неговиот меморијален центар. Мајката на Дражен Петровиќ го споредува со Тоше кој имаше 26 години, а беше на чекор до светската слава. Тоа го кажуваат луѓето од Англија со кои соработуваше, рече со емозии Фабричевски.
Маратонот почна од Нова Градишка на 14 октомври во 15.30 часот. Низ Хрватска маратонците трчаа околу 220 километри, Србија повторно не ја трчаа, велат, од сѐ уште непознати причини, продолжија од граничниот премин Табановце на 15 октомври околу 14 часот. се трчаше непрекинато до Гумење.
Ново на Сител
-
Облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници