МАН:Слободата на новинарите е гарантирана и обезбедена со законите, а ограничувана во праксата
Во Македонија слободата на новинарите е гарантирана и обезбедена со законите, а ограничувана во праксата, оценува Македонската асоцијација на новинари.
Ограничувањата, стои во денешното соопштение од МАН, се определени од партиските интереси и насилство кои не се санкционирани.
- Само во 2016 година партијата СДСМ, преку нивни активисти и припадници на невладините организации на Сорос фондацијата извршиле повеќе од десет физички напади врз новинари и упади/кршења на редакции, а ниту еден од тие случаи не е ниту во судска постапка, ниту е санкциониран, се посочува во соопштението.
За потреби на една политичка опција легитимирана во СДСМ и фондацијата на Сорос во Македонија преку нивни медиуми и портали, се вели во соопштението од МАН, перманентно се врши заплашување, притисок, закани и навредување на новинари и редакции кои не се под нивна контрола.
- За ова нема реакции ниту од дипломатските претставништва на САД и ЕУ во Македонија, ниту од меѓународните професионални организации по што нападнатите новинари и редакции се препуштени сами на себе. Селективното финансирање новинари и медиуми со пари од странски извори и тоа без исклучок блиски до политиката на СДСМ го урива медиумскиот пазар и рамноправноста на новинарите и медиумите, наведува МАН во соопштението.
Во такви услови, се подвлекува, мнозинството новинари работат во амбиент кој е далеку од професионален, пазарен и слободен.
Ново на Сител
-
Кокаин во вредност од 2,9 милиони евра откриен во пратка со банани на пристаништето во Солун
-
Албанија: Дипломатските претставници во странство со мандат од 4 наместо како до сега од 3 години
-
До крајот на денот сончево и топло, следи портокалова фаза
-
Маратонецот Дарио Ивановски на 69. место на Олимписките игри во Париз
-
Ракометарите на Данска и Германија во олимпиското финале
-
Викендов стартува новата сезона во македонскиот фудбал
-
Во Ѓорче Петров одбележани дваесет и три години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила
-
Опожарен контејнер во скопската Општина Центар