Манифестација „Краиште 2016“ во месноста Голеш
Жителите на пограничните општини Ќустендил, Босилеград и Крива Паланка денеска се сретнаа во месноста Голеш, на тромеѓето меѓу Република Македонија, Република Бугарија и Република Србија на манифестацијата „Краиште“ 2016.
Традиционална трилатерална средба се организира од страна на локалните самоуправи на трите општини, а по повод православниот празник Петровден. На средбата присуствуваа градоначалниците на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, на Босилеград, Владимир Захариев и претставник од општина Ќустендил.
- Овие средби се одлична можност за дружење меѓу нас соработниците од општините од пограничниот крај, но пред се на граѓаните и месното население од оваа област каде е долга традицијата на вакви среќавања на кои се зближуваат народите од трите страни на граничните линии. Ова денес им е особено лесно бидејќи 8 до 20 часот времениот премин е отворен за сите граѓани и може да се минува само со лична карта или патна исправа, рече по средбата Алексовски.
Додаде дека вој голем празничен народен собир е можност за дружење со пријателите од Србија и Бугарија, а граѓаните кои доаѓаат и од разни краеви на овие земји се среќаваат и со роднините и пријателите.
Настанот беше збогатен со културно-уметничка програма со настапи на фолклорни друштва и ансамбли од трите општини.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел