Манифестација Дојран – град на културата за 2016
Со концерт на Каролина Гочева, Даниел Кајмаковски и ДНК вечер на плоштадот „Под јаворите“ во Нов Дојран, ќе биде отворена манифестацијата „Дојран – град на културата за 2016 година“. За најмладите ќе настапат учесниците на детскиот фестивал „Калинка“ и студиото за модерен балет од Богданци. Се подготвува и огномет.
- Годинава Дојран во рамки на манифестацијата „Град на културата“ ќе понуди широк спектар на квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности, проекти кои ќе ги промовираат врвните културни вредности кај младата популација, но и сите останати генерации, активности кои ќе го афирмираат домашното творештво, домашните автори, репродуктивните уметници и ансамблите, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, на промоцијата на програмата во Скопје.
Оваа манифестација се одржува веќе 13 години со поддршка на Министерството за култура, низ градовите во државата.
Годинава ќе се овозможи целосна обнова и конзервација на црквата „Св. Пророк Илија“ од 19 век, која е своевиден симбол на градот Дојран. Оваа година, кога се одбележуваат 100 години од уништувањето на црквата во Првата светска војна, за целосната обнова на црквата „Св. Илија “ во Дојран, Министерството за култура издвои околу 4 милиони денари.
Во рамки на манифестацијата предвидени се повеќе од 100 програмски содржини. Во април ќе се одбележи Денот на шегата со маскенбал, во мај ќе има изложбен викенд на уметнички слики и скулптури во рамки на „Дојранската ликовна колонија“, а во јуни ќе се одржи „Дојран-гурман фест“.
Концерти ќе имаат популарните изведувачи и реномирани состави како Љубојна, Летечки пекинезери, Сашо Гигов-Гиш, Слаткаристика, Тамара Тодевска, Дарко Илиевски, Даниел Камајкоски, ДНК, Ефто Пупиновски, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов... Ќе се одржи „Д фестивалот“, ќе има изложби на македонските ликовни автори, како Сотир Хаџи-Николов, Александар Јанев, претстави на Театарот за деца и младинци и Театарот Комедија. Ќе се реализира фолклорен викенд на фолклорните друштва од целиот југоисточен регион и Фестивал на боите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно