-->
-->
Манчини нов селектор на Англија?!
-->

Роберто Манчини би можел да биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Англија. Англичаните неодамна, поради корупциски скандал го отпуштија Сем Алардајс, кој националниот тим го предводеше на само еден натпревар.
Роберто Манчини е добар познавач на англискиот фудбал, тој четири години беше менаџер на Манчестер Сити и во тој период освои една шампионска титула и три трофеи во ФА купот.
Манчини минатата сезона беше тренер на Интер од каде замина пред почетокот на оваа сезона.
Англија, в сабота, ќе игра против Малта, а од клупата ќе ја предводи селекторот на младата англиска селекција Герет Саутгејт. Според англиските медиуми, Манчини, добил покана од Фудбалската асоцијација да присуствува на овој натпревар.
Токму поканата која ја доби Манчини ги поттикна шпекулациите дека тој преговара со ФА за преземање на националниот тим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
