Манчевски ќе учествува на Вториот дигитален самит на Западен Балкан во Белград
Во Белград утре и задутре ќе се одржи вториот Дигитален самит на Западен Балкан, на којшто е предвидено да учествува и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
На самитот, што ќе го отвори српската премиерка Ана Брнабиќ, ќе учествува и еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел и генералниот секретар на Меѓуародната унија за телекомуникации Хоулин Ѓао.
На дводневниот самит се очекуваат околу 3000 претставници од ИТ индустријата и стопанството од 30 економии од Западен Балкан, Европа и светот, меѓу кои и повеќе експерти од Северна Македонија.
Во рамки на Самитот, на кој се предвидени 200 говорници, ИТ компаниите во регионот ќе имаат можност да се претсават, да разменат идеи и да дадат предлози за унапредување на ИКТ секторот во овој дел од Европа.
Како што претходно најавуваа медиумите во Србија, на Самитот постои можност да биде потпишан регионален договор за роаминг на земјите од Западен т Балкан, со кој цените на повиците од 1 јули би биле намалени за 25 отсто, но засега според официјалната агенда на самитот, таквиот настан е неизвесен.
Одржувањето на Дигиталниот самит е инициран со Берлинскиот процес, иницијатива за унапредување на регионалната соработка, а прв ваков собир беше одржан во Скопје минатата година.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран