Loading Video...
Фудбал
7. April 2019 - 15:36

Манчестер Сити обезбеди финале во ФА Купот

Актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити ќе има можност да освои три трофеи сезонава. 

„Граѓаните“ кои заедно со Ливерпул се главни претенденти за титулата во Премиер лигата, веќе имаат еден трофеј сезонава и тоа од Лига Купот. 

Втората шанса ќе ја имаат и во ФА купот бидејќи со победата над Брајтон со 1:0 во полуфиналето, тимот на Манчестер Сити обезбеди пласман во финалето на ова натпреварување закажано за 18 мај на Вембли. 

А, во него противник ќе им биде подобриот од дуелот меѓу Вотфор и Вулверхемптон кој се игра попладнево