Loading Video...
Фудбал
14. January 2023 - 17:17

Манчестер Јунајтед со пресврт го доби дербито со Манчестер Сити

Голем триумф оставрија фудбалерите на Манчестер Јунајтед откако во првиот дуел од 20.коло Премиер лчигата, го победија граскиот ривал и актуелен шампион на Англија Манчестер Сити со 2:1. 
 
Победата и трите бода се позначајни бидејќи до неа дојдоа со пресврт и тоа за четири минути во периодот од 78 до 82.минута.
 
 
Со голот на Грилиш во 60 минута, гостите први поведоа. 
 
Во 78.минута Бруно Фернандеш, го израмни резутатот, а во 82.минута Маркус Рашфорд го постигна победничкиот гол за домаќините. 
 
Манчестер Јунајтед со оваа победа сега има 38 бодови, еден помалку од Манчестер Сити, а лидер на табелата во Премиер лигата е Арсенал со 44 бодови.