-->
-->
Манчестер јунајтед сака да го купи договорот на Осимен
-->
Манчестер јунајтед изрази намера да го купи напаѓачот на Наполи, Виктор Осимхен, објави новинарот Јагиз Сабунџуоглу на своите социјални мрежи.
Премиерлигашот го известил италијанскиот клуб за нивната подготвеност да ја активира опцијата за откуп на договорот на играчот. Трансферот треба да биде реализиран по завршување на тековната сезона.
Откупната клаузула наведена во договорот на 26-годишниот фудбалер е 75 милиони евра.
Осимен моментално е на позајмица во Галатасарај во сезоната 2024/25. Тој на 27 натпревари за турскиот клуб постигна 20 гола и пет асистенции. Неговиот актуелен договор со Наполи е до летото 2026 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи