-->
-->
Манчестер Јунајтед покажува интерес за Перишиќ
-->
Играчот за врска на Интер, Иван Перишиќ е во сферата на интересите на Манчестер јунајтед. Според „Телеграф“ клубот од Милано е подготвен да ја разгледа опцијата за трансфер на 31-годишниот хрватски репрезентативец.
Перишиќ минатата сезона ја помина во Баерн на позајмица. Германскиот шампион му плати на Интер пет милиони евра и можеше да го откупи играчот за 20 милиони. Баварците се обидоа да ја намалат висината на трансферот, но клубовите не успеаја да се договорат.
Во текот на изминатата сезона, Перишиќ одигра 35 натпревари за Баерн Минхен, постигна осум погодоци со десет асистенции. Со тимот ги освои Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
-

За обвинетиот Kрмзов предметот против него е конструкција, обвинителството најави цврсти докази
-

Минчев на министерска конференција од Берлинскиот процес
