-->
-->
Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-->

Според британските медиуми денеска се одржани позитивни разговори меѓу управата на клубот и поранешниот нивни играч Мајкл Керик. Во овој момент тој се споменува како прва опција за менаџер, до крајот на сезоната.
Во клубот веруваат дека неговото познавање на системот, соблекувалната и филозофијата може да донесе стабилност кај „црвените ѓаволи“ во овој чувствителен дел од сезоната. Од друга страна Керик има искуство во работа во стручниот штаб.
Според клупските информации договорот меѓу двете страни е многу брзо до потпишување, а новиот менаџер има и доверба кај играчите.
Раководството на клубот има за цел да направи стратегија за следната сезона, но приоритет е и стабилизација на екипата во оваа натпреварувачка сезона.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
