Фудбал
13. March 2016 - 19:13

Манчестер Ј. и Вест Хем ќе играат нов меч за место во 1/2-финалето во ФА купот

 
 
Екипата на Манчестер Јунајтед и Вест Хем ќе одиграат уште еден меч по кој ќе биде познат и последниот полуфиналист во англискиот фудбалски ФА Куп.
 
На последниот меч од четвртфиналето, одигран попладнево на „Олд трафорд’’ Манчестер Јунајтед и Всет Хем играа нерешено 1-1.
 
Со прекрасен гол од слободен удар во 68-минута Димитри Фаје  ги одведе „чеканите“ во водство, но Антони Марсиал во 88-та го израмни резултатот и го спаси Манчестер од елиминација.
 
Пласман во полуфиналето веќе обезбедија: Кристал Палас, Евертон и Ватфор.
 
Комплетни резултати од 1/4-финалето во ФА купот:
Ридинг - Кристал Палас 0:2
Евертон – Челзи 
Арсенал – Вотфорд 1:2
Манчестер Јунајтед - Вест Хем 1:1.