МАН: Не се потребни реформи во медиумскиот сектор
Македонската асоцијација на новинари (МАН) денеска преку соопштение оцени дека постоечките закони за медиумската област се добра основа за реализација на слободата на изразување и слобода на медиумите и оти не се потребни реформи во меидумскиот простор.
- Здружението на новинари на македонија (ЗНМ) и Синдикатот на новинари немаат никакво право да бараат нова законска регулатива за медиуми или закон за медиуми бидејќи не се носи закон за медиуми, туку закон за цензура на телевизиите. Бидејќи над 90 проценти од медиумските работници во телевизиите се членови на Македонската асоцијација на новинари и МАН смета дека реформи во медиумскиот сектор не се потребни, соопшти МАН.
МАН, се вели во соопштението, итно бара ЗНМ и Синдикатот на новинари како експоненти на СДСМ, заедно со таа политичка партија да престанат да прават притисоци врз медиумите и да престанат да изигруваат цензор со што медиумите треба да им овозможат да дојдат на власт без избори.
- МАН смета дека постоечките закони за медиумската област се добра основа за реализација на слободата на изразување и слобода на медиумите што впрочем може да се види од настапите на членовите на ЗНМ и тн. Синдикат, наведува МАН во соопштението.
Претходно од ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, Македонскиот институт за медиуми, Советот на етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии информираа дека во наредниот период ќе работат заедно да ги убедат сите одговорни да се направат реформи во медиумската сфера пред изборите закажани за 5 јуни. Тие во петокот доставиле барање за средба со претседателот Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со лидерите на политичките партии потписници на Договорот од Пржино.
Ново на Сител
-
За една седмица 613 хоспитализирани и 17 починати од Ковид-19 во Грција
-
Сиљановска Давкова по повод 11 Октомври: Да се обединиме во заедничката борба за просперитетна европска држава и за праведно македонско општество
-
Ден на народното востание
-
Врачување на државната награда „11 Октомври“
-
За време на продолжениот викенд автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Во израелските воздушни напади врз Бејрут загинаа најмалку 22 лица
-
Хутите нападнаа бродови во Црвено Море и во Индиски Океан
-
Променливо облачно со повремен дожд