Македонија
8. јуни 2022 - 16:49

Малолетник претепан од три лица во автобус на ЈСП

Малолетник претепан од три лица во автобус на ЈСП кој сообраќал од Транспортен центар до Смилковци.

- На 07.06.2022 во 22.00 часот во Полициската станица Гази Баба, К.З.(43) од с.Виниче, скопско, пријавил дека во автобус кој сообраќал од Транспортен центар до с.Смилковци, неговиот малолетен син бил физички нападнат од три лица, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.