Малолетник повреден од петарда што му пукнала во уста
Малолетник во Тетово се здобил со повреда откако петарда му пукнала во устата за време на новогодишната ноќ, стои во полицискиот билтен на СВР Тетово. Засега не е јасно како дошло до инцидентот.
Во ургентниот центар во Тетово се пријавиле седум граѓани, од кои тројца биле во алкохолизирана состојба, а четворица малолетници се повредени од петарди.
Во СВР Тетово не е пријавена никаква несреќа и случај на нарушување и јавниот ред и мир. Од тетовската полиција соопштуваат дека пред две вечери во овој сектор било мирно и без инциденти.
Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.
Сите оние кои на јавно место неовластено приредуваат огномети или слично, и не ги преземат потребните заштитни мерки согласно соодветната законска регулатива ќе бидат казнети, се вели во законските прописи.
Ново на Сител
-
Mнозинството пратеници со недоверба за членовите на Судскиот совет, СДСМ и ДУИ ја напуштија расправата
-
Интерпелации во Собрание, а Судски совет во редовна работа
-
Таравари не дава „Ѓока констракшн“ да стопанисува со паркингот на Клинички - го поништи огласот
-
Одбележани 82 години од депортацијата на македонските евреи во логорот Треблинка
-
Интерпелациите на петте членови на Судски совет пред пратениците
-
СДСМ бара ДКСК да ги истражи тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
82 години од депортацијата на македонските евреи
-
Таравари ќе го поништи тендерот за паркингот на клинички