-->
-->
Малолетник од Крива Паланка нападнал полициски службеници
-->
Полициски службеници денеска лишиле од слобода малолетно лице на возраст од шеснаесет години, откако тоа физички ги нападнало.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, малолетникот ги спречувале полицајците во извршување службени дејствија.
-На 24 февруари 2024 година, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка лишиле од слобода 16-годишник затоа што на улицата "Македонска" во Крива Паланка физички нападнал полициски службеници при извршување на службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица