Македонија
13. February 2019 - 14:28

Малолетници ограбиле двајца државјани на Германија

СВР Струмица поднесе кривична пријава против тројца малолетници, сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”.

„На 01.04.2018 година околу 16.45 часот на крстосница од булевар „Гоце Делчев” и улица „Младинска“ во Струмица, пријавените физички нападнале двајца малолетници од Сојузна Република Германија, при што им одзеле пари.“ стои во полицискиот извештај.