Малолетници од Неготино сексуално вознемирувале 13-годишно девојче

Родители на 13-годишно девојче од Неготино пријавиле во СВР Велес дека нивната 13-годишна ќерка била сексуално вознемирувана од малолетници.
- На 5 јули 2019 на Градскиот базен во Неготино двајца малолетници на 15-годишна возраст нападнале 13-годишно девојче од Неготино и ја пипкале по телото. Целиот настан е снимен од малолетник со мобилен телефон, кој потоа снимката ја праќа на други лица. Родителите на девојчето случајот го пријавиле на 25 јули 2019 во полициска станица, изјави за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Во присуство на стручен тим од Центарот за социјални работи, адвокат и родителите, извршен бил разговар со малолетниците и одземени им се мобилните телефони за вештачење. По дадените наредби од Основното Јавно Обвинителство – Велес, се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
