Мало дете пригмечено од лифт во Загреб, лекарите се борат за неговиот живот
Трагедија се случи денеска во главниот град на Хрватска, Загреб, кога полицијата добила дојава дека во една зграда во центарот на градот во 15.30 часот, мало дете било пригмечено од лифт. Детето има тешки повреди, а лекарите се борат за неговиот живот.
Повреденото дете е пренесено во КБЦ „Ребро“, откако пожарникари помогнале да се извлече од лифтот за три минути.
Во полицијата не сакаат да откриваат детали, со оглед на тоа дека се работи за дете.
„Пациентот е примен во тешка состојба и применети се сите постапки на интензивнамедицина со цел стабилизација, односно спасување на животот“, велат од болницата.
Детето два пати било реанимирано, еднаш во брзата помош и еднаш откако стигнало во болницата. Детето е на респиратор и има тешки повреди на главата и на градниот кош.
Поради шокот помош му е пружена и на таткото и на соседот. Во шок се и пожарникарите кои успеале неверојатно брзо да го извлечат детето. Учествувале девет пожарникари со три возила.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот