Малески: Мисирков и Гоце се Бугари, мора да го прифатиме тоа за да нема вето од Бугарија

Денко Малевски во изјава за бугарска национална телевизија вели дека Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари и дека ние мораме тоа да го прифатиме за да немаме вето од Бугарија во евроитеграцискиот процес.
-Мојата држава сега се наоѓа во една многу деликатна фаза сега со почетокот на преговорите со ЕУ и можноста Бугарија да го искористи своето право на вето, вели Малески.
Тој на новинарското прашање дали Крсте Петков Мисирков е Бугарин на новинарот му вели дека „идентитетот е… тој е Бугарин, очигледно“.
Додека на прашањето „ Гоце Делчев зошто е предмет на спорење кога тој се определувал како Бугарин“, вели дека тоа е точно тој се определил како Бугарин, тоа е така но не може да се оспори неговото бугарско национално чувство.
На прашањето каков компромис треба да се најде за да не става Бугарија вето на европската интеграција на Македонија, Малески вели дека македонската страна треба да се соочи со објективната вистина на начин на којшто објаснив сега, вели тој.
-Целата објективна историска вистина кажува дека да дека ние сме биле еден народ, вели тој.
Ново на Сител
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
-

Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел
-

Полицајка го загуби животот, а 15 лица се повредени во експлозии во украинскиот град Лавов
-

Пакистан нападна талибански бази во Авганистан
-

Последен ден на ЗОИ2026, Норвешка со најмногу медали
-

Пет тела на мигранти пронајдени на брегот источно од Триполи
