Максим Димитриевски: Погубните политики ја доведоа СДСМ во ваква ситуација
Старо новиот градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски во Студио 10 на ТВ24 кажа дека погубните политики на СДСМ ја доведоа партијата во ваква ситуација.
- Граѓаните испратија порака. Не доживеаја пораз само кандидатите за градоначалници на изборите, туку политиките кои се спроведуваа на централно ниво. Во Куманово состојбата беше поинаква. Тврдам дека ниту еден партиски интерес не може да биде пред националните интереси. Од СДСМ голем број пријатели ми честитаа, за жал Заев се уште не се јавил. Многу сум разочаран од изјавата на Заев дека се споиле жртвите со насилниците – ниту во еден момент не сум се споил со ВМРО-ДПМНЕ, иако добив поддршка и во прв и во вториот круг. Јас поинаку ќе го поставам прашањето, на мене ли ми побегна Груевски од Македонија, а за тоа Заев ќе треба да даде објаснување, погубните политики ја доведоа партијата во ваква ситуација, истакна Димитриевски.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје