Македонија
8. March 2024 - 10:51

Максим Димитриевски: Местото на жената е кадешто се носат одлуките

Претседателот на Движењето ЗНАМ, актуелен градоначалник на Општина Куманово и кандидат за Претседател на Македонија Максим Димитриевски упати честитка до сите жени по повод денешниот Ден на жената - 8 Март!

Жената претставува столб на семејството во секое општество, која треба да се почитува и уважува секој ден. Ви посакувам секојдневно внимание и многу љубов од најблиските, затоа што Вие тоа го заслужувате истакна Димитриевски.

"Среќни сме што жените се активно вклучени во сите процеси на креирање на локални политики и носење одлуки со цел развој на Општина Куманово. 

Во Советот на општината е запазена родовата еднаквост, Претседателката на Советот на Општина Куманово е жена, имаме жени раководителки на многу значајни сектори во Општината и секогаш се залагаме за целосна еднаквост помеѓу мажите и жените.

Ова е нашето заедничко општество каде што мораме да бидеме еднакви, затоа што само на овој начин можеме да одиме заеднички напред", потенцираше Димитриевски.

Местото на жената е кадешто се носат одлуките и Движењето ЗНАМ ќе продолжи да се залага за тоа, додаде тој.

Сектор за односи со јавност
Движење ЗНАМ-ЗА наша Македонија