-->
-->
Максим Димитриевски исклучен од СДСМ
-->
Aктуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, кој дојде на функцијата како кандидат на СДСМ, веќе не е член на владејачката партија, која вчера објави дека ќе оди со друг кандидат на претстојните локални избори, објави „360 степени“.
Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, вчера промовирајќи го новиот кандидат за Куманово, рече дека Димитриевски сам се исклучил од партијата. Тој нагласи дека СДСМ има само еден кандидат во Куманово, алудирајќи на забелешките во јавноста дека во најголемата општина во државата СДСМ ќе се натпреварува против СДСМ на овие избори.
- Согласно статутот на СДСМ, со ваквата одлука на Димитриевски автоматски се исклучува од членството во СДСМ, велат од партиското раководство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени